ММС

Јапонски научници открија колку долго кoронавирусот може да опстане на кожата

Коронавирусот може да опстане и до девет часа на кожата на човекот, открива најновата студија на група јапонски наупчници – пренесува кандаски Globalnews. Експертите велат дека овие резултати не се толку алармантни како што звучат, иако примероци од вирусот се пронајдени на веќе починати пациенти. Откриено е дека ковид-19 може да живее најмногу девет часа и четири минути, односно пет пати повеќе отколку патогените микроорганизми што го предизвикуваат обичниот сезонски грип.

Студијата исто така, покажала дека осумдесетпроцентниот етанол може да ја убие короната во рок од петнаесет секунди.

Синтија Кар, епидемиолог од Канада, смета дека тоа е важен податок.

„Ако знаеме дека со миењето раце можеме бргу да го убиеме вирусот, тогаш ајде да се држиме дo тоа. Не треба да паничиmе и постојано да се тушираме кога ќе си дојдеме дома од надвор. Само треба да сфатиме дека вируот е на нашите раце и може да се случи со нив да ги допреме очите, носот или устата и така да му дадеме шанса на вирусот да се развие во нашиот организам“, објаснува докторката.

 

Извор:  b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.