ММС

Словенечкиот министер за надворешни работи позитивен на корона

Словенечкиот министер за надворешни работи, Анже Логар бил тестиран на коронавирус по патувањето во балтичките земји – објави неговиот кабинет.

„Министерот Логар беше тестиран и е позитивен на коронавирус. Тој не покажува никакви симптоми на болеста, но тој и неговите најблиски соработници ќе одат во карантин 10 дена”, се вели во соопштението.

Логар се врати вчера од тридневната посета на балтичките земји, при што се состана со колегите од Летонија, Едгарс Ринкевикс, Естонија Урмас Реинсалу и Литванија Линас Линкевичијус.

Словенечката влада, меѓу другите мерки, најави делумна изолација на земјата од саботата во обид да се потисне епидемијата, додека бројот на случаи на инфекција се зголеми за двапати повеќе минатата недела.

Логар, еден од најблиските соработници на премиерот Јанез Јанша, во октомври имаше бројни дипломатски средби во регионот, вклучително и со колеги од Словачка и Чешка. Пред само четири дена, Логар се сретна и со својот македонски колега, Бујар Османи, а претходно присуствуваше на состанокот на Европскиот совет во Луксембург на 12 октомври.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.