ММС

Во Хрватска 2.000 луѓе помалку починати од лани, штета прави паниката, смета хрватски академик

Мирослав Радман, хрватски научник и академик за РТЛ „Директ“ зборуваше за епидемијата од корона вирус. Истакна дека се’ повисоките бројки се загрижувачки, но кога станува збор за ригорозните мерки на некои европски земји, вели дека нивниот резултат се’ уште не може да се знае.

„Многу е тешко да се критикува претпазливоста на тие што се одговорни. Не можеме да го знаеме резултатот од тие мерки, но до сега тие добро работеа. А која е димензијата на овој проблем на јавното здравје, јас сам не знам, но кога ќе погледнам во податоците од Хрватскиот завод за статистика, јасно може да се прочита дека во досегашниот дел од годинава има 1.967 смртни случаи помалку отколку во истиот период лани“, вели Радман.

Човек со зрдав разум тогаш се прашува каде е толку страшниот проблем?

„Не знам кое е нивото на инженерство овој пат и зошто Ковид-19 стана таква ѕвезда, кога имаме помалку смртни случаи отколку во истиот период лани. Можно е повеќе штета да направила паниката од болеста отколку самата болест“, смета Радман.

Хрватска последните денови бележи рекорди на новозаразени, чиј број во последните 24 часа достигна до 1.867.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.