ММС

Реалната бројка на заразени во Шпанија е над три милиони, тврди премиерот Санчез

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека реалната бројка на заразени со коронавирусот во Шпанија е поголема од три милиони.

Во телевизиско обраќање кон граѓаните Санчез рекол дека оваа недела официјалните бројки стигнале до над еден милион, но дека реалната бројка од почетокот на пандемијата е поголема од три милиони.

Властите во Мадрид денеска најавија забрана за собирање во периодот од полноќ до шест часот наутро, која на сила стапува утре. Неколку други шпански региони сакаат да воведат полициски час.

Угостителските објекти во Мадрид се затвараат на полноќ, а последните гости можат да се примат до 23 часот.

Со околу 47 милиони жители, Шпанија е шеста земја во светот која го помина прагот од милион заразени по САД, Индија, Бразил, Русија и Аргентина.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.