ММС

Жителите од тетовската населба Колктук цел месец се речиси без вода

Вечниот проблем на тетовци пак актуелен. Откако се пушти новиот водовод состојбата со водоснабдувањето во горниот дел од градот се стабилизираше, но сега веќе еден месец жителите од тетовската населба Колтук имаат речиси 24 часовна рестрикција.
За да ги завршат основите потреби како одржување на лична хигиена да вклучат машина за перење и слично мора да купат или да наполнат вода од најблиската градска чешма. И така е речиси еден месец во тетовската населба Колтук.

Револтирани се дека водата плаќаат, а нивните чешми како и во минатото пак се суви.

Од ЈКП Тетово не информираа дека во горните делови од градот се случува да нема вода преку ден поради намалениот притисок, како резултат на недостаток во извориштата во овој период и поради зголемената потрошувачка на вода во градот.Истакнаа дека ќе гледаатда изнајдат техничка можност за ублажуавње на состојбата. Апелираат до граѓаните рационално да ја користат водата за пиење, за граѓаните од горните населби да имаат вода. Во моментов издашноста на изворите заедно со бунарите изнесува 330 литри вода во секунда.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.