ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/18 6:42 AM

Референдумот ќе биде на 23, 30 септември или на 7 октомври – најави Заев во интервју за ЕРТ

Референдум за името ќе се има на 23, на 30 септември или на 7 октомври – вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за државната  грчка телевизија ЕРТ 1.

Премиерот Зоран Заев потсети дека референдумот ќе има обврзувачки карактер и дека целта е до 15 јануари да се завршат сите предвидени обврски.

,,Ако биде порано, тоа е добро. Дури сакаме да завршиме пред божиќните празници кои што се слават, дури и пред Нова година и во тој аспект затоа оставаме некои 3 месеци. Согласно нашиот Устав и законите ни се потребни некои стотина дена. Затоа 15 јануари е поставен”, вели Заев.

Со успешниот референдум, додава тој, јас сум убеден дека сите во парламентот ќе го послушаат народот што кажува на референдум и така ќе гласаат.

„Тоа денеска го добиваме како порака дури и од претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов дека ако референдумот е успешен, секако и тој ќе ги поддржи и Договорот со Грција и сето она што е следна фаза, а и опозицијата исто така“, рече  Заев во интервјуто на ЕРТ.

Лидерот на опозицијата пак, Христијан Мицкоски вели дека ќе се изјасни за референдумот откако ќе го види прашањетопартијата ќе чека да види дали ќе има референдум, кое ќе биде референдуското прашање и кои ќе бидат чекорите на власта, а потоа ќе реши дали ќе учествува на референдумот.

На гостувањето во емисија на телевизија „Телма“, Мицкоски рече дека сѐ уште не е јасно дали ќе има референдум бидејќи Законот за избор на Државната изборна комисија истекол на 29 јуни, а ДИК е потребна за да се одржи референдумот.

„Јас не знам како премиерот Заев планира да го распише тој референдум кога за тоа е потребно најпрвин да имаме формирано ДИК“, рече Мицкоски, кој уште еднаш повтори дека договорот за името е спротивен на државните и националните интереси на Македонија.

Мицкоски рече дека кога ќе го консолидира ставот во партијата, ќе каже како тие би го решиле прашањето со името, односно тоа ќе го каже кога ќе дојдат на власт, но додаде дека можело да се најде многу подобро решение од сегашното.

Прашан за непотпишувањето на Договорот од страна на претседателот Ѓорге Иванов, Мицкоски со став дека тој е последниот браник на заштитата на Уставот и оти постапува како секој којшто си ја сака државата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1