ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/18 6:10 AM

Продолжува судењето за Титаник 2

Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи ново рочиште за предметот на СЈО, Титаник 2. Судењето продолжува со  доказна постапка во која ќе бидат преслушани два телефонски разговори.

Предметот се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, а обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Според прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1