ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/18 6:52 PM

Заев – Звиздиќ: Македонија пример за регионот како со лидерски одлуки до евроатлански перспективи

 

Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина се развиваат, а за тоа говорат  честите средби на високи политички нивоа, коишто се дел од позитивните тенденции за соработка и евро-атлански перспективи на регионот. Ова е заклочокот од денешната средба на премиерот, Зоран Заев и претседавачот со Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, која се одржа во Сараево.

На средбата, тие разменија мислења за можностите на унапредување на соработката меѓу двете земји, а се размислува и за воспоставување авио линија којашто ќе ги олесни контактите меѓу овие земји на сите нивоа.

Зборувајќи за реформите во Македонија, Заев од Сараево порача дека договорите со Бугарија и со Грција испраќаат пораки за како што вели тој, пријателство, мир и стабилност во целиот регион.

„За возврат добивме ветување, дека коа ќе има испорачување од нас ќе има и од Европа и НАТО. Македонија доби датум за преговори заедно со Албанија. Следниот четврток во Брисел ќе биде утврдена поканата за полноправно членство во НАТО. Истото тоа го посакувам и за граѓаните на  БиХ, се надевам дека Босна ќе има кандидатски статус до крајот на 2018 или на почетокот на 2019“, изјави Заев

Тој уште еднаш го повика претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов да го потпише Указот за Договорот со Грција, откако денеска Законот за негова ратификација беше изгласан во Собранието без пратениците од опозицијата:

„Упатувам порака до Иванов да го потпише договорот затоа што тоа е негова обврска а со тоа ќе им даде на граѓаните можност да се изразат демократски на референдум“.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ ратификувањето на  овој Договор сепак е кршење на повеќе закони, но и на уставот. Партијата смета дека тоа претставува изигрување на целиот правен систем во Република Македонија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1