ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/18 5:14 PM

Ново труење со агенсот „новичок“: Меј ја обвинува Русија, руското МНР бара извинување

Маж и жена од областа Вилтшир во Велика Британија се отруени со нервниот агенс „новичок“, со кој во март беа затруени поранешниот двоен шпион, Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Британската премиерка, Тереза Меј изјави дека е многу вознемирена. Таа вели дека полицијата, ако треба ќе го преврти и секој камен во текот на истрагата.

Двајцата британски државјани се во лоша здравствена состојба. Во тек е истрага која треба да покаже како тие дошле до контакт со гасот. Властите тврдат дека место за паника нема, но сепак, медицинскиот директор Пол Косфорд вели дека разбира дека луѓето кои живеат во областа ќе бидат загрижени.

„Нашиот совет и проценка работејќи заедно со полицијата која изврши детална истрага е дека ризикот за популацијата е многу мал и е комплетно нормално да прпдолжат со секојдневните активности“, смета Косфорд.

Лондон за овој инцидент  ја обвини Русија, а таа ги отфрли обвинувањата.

Руското Министерство за надворешни работи ја повика британската премиерка Тереза Меј да престане со „интригите и игрите со хемиските агенси“.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова го повика Лондон да и’ овозможи на Русија, заедно со британските иследници, да учествува во истрагата за труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

„Оваа (британската) Влада, а особено нејзиното раководство, ќе мора еден ден да и’ се извини на Русија и на меѓународната заедница“, изјави денеска Захарова.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1