ММС

Џордан е GOAT и надвор од терените: Отвори втор медицински центар во Шарлот

Освојувачот на шест шампионски прстени со екипата на Чикаго Булс и веројатно најголемиот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, ја манифестира својата големина и надвор од терените и кошаркарската игра.

Eдна година откако сопственикот на Шарлот Бобкетс го отвори медицинскиот центар „Novant Health Michael Jordan Family Medical Clinic“ во Северна Каролина, интегрирана мрежа на клиники, амбулантски центри и болници, Мајкл Џордан и неговото семејство го отвори вториот медицински центар во Шарлот.

Двата медицински центри од 2017 година беа во фаза на развивање, кога Џордан донираше седум милиони долари за таа цел.

-Ме радуваше развитокот минатата година. Ме натера да продолжам да направам повеќе, да одговорам на ѕвоното кога тоа ќе заѕвони. Тоа внесува гордост за мене и моето семејство, кога гледаме дека правиме разлика во Шарлот и помагаме на оние на кои тоа им е најпотребно, изјави Мајкл Џордан.

На клиниката пациентите не мора да имаат здравствено осигурување, бидејќи создадена е токму за оние луѓе од пониските слоеви во општеството кои не можат да си дозволат достојно лекување, или не можат да си дозволат лекување во здравствениот ситем воопшто, а имаат потреба од тоа.

-Импактот кој првата клиника го остави беше огромен. Во овие околности сега, во време на пандемија од коронавирус, важно е да се има квалитетна и безбедна нега за заедницата и за оние кои имаат насушна потреба. Желбата и посветеноста на Мајкл Џордан за напредување на здравството во нашите заедници и општеството, длабоко е вкоренета, изјави Карл Армаро, извршниот директор и претседател на „Novant Health“.

Првата кликика беше отворена во октомври 2019 година и третираше повеќе од 3500 пациенти.

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.