ММС

Од први јануари од 18 на 10 отсто се намалува ДДВ за храна и пијалаци во рестораните

Од први јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10% за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци, одлучи Владата на вчерашната седница.

Исто така од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Со денот на влегувањето во сила на измените и дополнувањата од Законот за данокот на додадена вредност од 1 јануари ќе се изврши ослободување од данок на додадена вредност за донации дадени кон буџетски корисници за справување со коронавирусот КОВИД-19. Исто така ќе се одложи рокот за плаќање ДДВ заради ликвидносна поддршка на компаниите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.