ММС

Колку долго по изложеноста на коронавирусот, почнуваат да се јавуваат симптомите кај заразените?

Коронавирусот се прошири исклучително брзо низ целиот свет, па бројот на заразени достигна до четириесет милиони луѓе. Ако неодамна сте имале контакт со личност позитивна на ковид-19 или не сте носеле маска во затворен простор, можеби се сомневате дека сте заразени. Колку долго по изложеноста на вирусот почнуваат да се јавуваат симптомите кај заразените?

„Според Светската здравствена организација во просек се потребни пет до шест дена за да една заразена личност почне да пројавува симптоми, иако тие може да се забележат и околу четиринаесеттиот ден. Пет до 14 дена е долг период за седење и чекање да се појави кашлица, отежнато дишење, губење на мирисот или вкусот, или пак на некои од останатите симптоми на вирусот. Меѓутоа, по потенцијалната изложеност на вирусот, клучно е да бидете во самоизолација за да не заразите некого. Додека сте во карантин, не треба да се гледате со други луѓе, бидејќи симптомите би можеле да се појават во период од два до четиринаесет дена од изложеноста, но би можеле да бидете заразени и пред да се појават симптомите“, вели д-р Мајкл Ричардсон.

Дури и ако во тој период не почувствувате симптоми, се’ уште би можеле да го имате вирусот во себе, па поради тоа треба да избегнувате контакт со пријателите и семејството. Доколку не почувствувате симптоми во периодот од 5 до 14 дена, размислете за тест за да може во целост да ги елиминирате сомнежите.

Постои можност да сте асимптоматски, што значи дека го носите вирусот во себе без да покажувате симптоми, а сепак да постојат можности да им го пренесете на останатите.

Значи, ако сметате дека сте биле изложени на вирусот, изолирајте се 14 дена и потоа тестирајте се за да бидете сигурни. На овој начин ќе се заштитите и себе и своите најмили – пишува Eat this.

 

Извор:  ba.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.