ММС

Видео: Кученце се роди со зелено крзно – сопственикот вели симболизира надеж!

Италијанскиот фармер, Кристијан Малоки не можел да им поверува на своите очи, кога кучката што ја чува родила кученце со зелено крзно. Кучето е дел од легло од пет кутриња. Сите тие, освен него, исто како и мајката, се со бело крзно.

Исклучително ретко се случува да се роди пес со крзно во зелена боја. Се смета дека тоа се случува кога кученцето додека е во мајчината утроба доаѓа во контакт со зелен пигмент познат како биливердин. Тоа е истиот пигмент кој предизвикува зелена боја кај модринките. Меѓутоа, таа необична боја на кучешкото крзно не може да трае засекогаш.

Светло зелената боја на неговото крзно сепак ќе почне да бледее од ден на ден – пренесува Ројтерс. Фармерот сепак одлучил ова кученце да не го подари на никого, па таа ќе остане на фармата со својата мајка и ќе биде „обучено“ за чување овци.

Малкони изјавил дека во овие тешки времиња кога владее пандемијата со коронавирусот, зелената боја е симбол на надеж и среќа. Според него, судено било во ова тешко време кученцето да им мами насмевки на луѓето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.