ММС

Место да се подготвува за свадба, се подготвува да ја победи болеста- Марија Стојкова е исправена пред животно искушение

Животот е непредвидлив и понекогаш не исправа пред големо искушение, пред момент, која за миг менува се. Пред едно такво искушение и борба сега е исправена Марија  Стојкова (33) од Кочани, која неколку години живее и работи во Дубаи. Марија, место да се подготвува за свадба, таа се подготвува да го победи канцерот, кој и ги поремети сите планови. Дополнителна мака е што во оваа фаза на болеста не може да се врати дома, туку мора хемотерапиите да ги направи во Дубаи, каде што е многу скапо.

Нејзината мајка Верица веќе ги спакува куферите и заминува кај своето чедо, да и помогне, да ја поддржи и, како што вели, да и каже дека се ќе биде во ред, дека со љубов и верба ќе ја победат болеста. Но, пред да замине, таа ги замоли сите добри и хумани луѓе доколку можат финансиски да и помогнат.

„Одам да бидам покрај неа. Заедно да го пребродиме ова искушение. Заедно бевме и додека се грижевме за сопругот, кој почина исто така од канцер. Но, кај него доцна се откри, а кај Марија има голема надеж за спас. Затоа пред да заминам сакам да се заблагодарам на сите кои помогнаа за овие два дена, откако апелот е објавен, и на сите кои се јавија и допрва ќе донираат. Ви благодарам на поддршката, молете се за моето дете, да и се врати насмевката која секогаш ја имаше. Господ нека помага и на нас и на сите вас“ ни рече нејзината мајка Верица.

Ве

Верица со ќерката Марија

Верица ни раскажа дека Марија во Дубаи работела во ресторан, а во меѓувреме ја пронашла љубовта на својот живот и се свршила. Летово планирале да дојдат во Кочани да направат венчавка, односно матично,а и другата нејзина ќерка летово требало да прави свадба. Но се е одложено поради корона, а сега и поради болеста.

-Кога ми кажа дека и е дијагностициран карцином бевме во шок. Го откриле  со метастазата на белите дробови,а се уште испитуваат од каде почнал. По симптомите се сомневаат на јајниците, но се уште не се знае. За авионска карта имам, но ни  треба за лекување таму, бидејки почнува со хемотерапија и трошоците се многу големи. Не може ниту да си дојде, лекарите не и дозволуваат да лета поради воздушниот притисок,бидејќи баравме да си дојде тука во наша болница. Мора да биде таму додека малку да се среди, вели Верица.

Денарска:

Верица Стојкова

Ж-ска 200-003140120561

Девизна:

DEVIZNA :

IBAN MK 07200003367308141

SWIFT STOBMK2X

VERICA STOJKOVA

Марија веќе не работи, а свршеникот, преку ден се грижи за неа а навечер работи. Затоа, како што вели Верица, потребно е таа да биде покрај неа, и како мајка да и се најде, да и ги избрише солзите и да и каже дека се ке биде во ред.

-Одам да ја негувам.  Не знаеме засега како ќе биде, но пак ќе кажам,  Господ е голем, во него веруваме и во добрите луѓе кои ми помагаат. Јас знам, свесна сум, криза е, лошо е, а секој денар ни е неопходен.  Само хемото е 10.000 евра. Како и за болницата, за биопсијата, која, како што ни рекоа ја испратиле во Америка и се чекаат резултатит за побрзо да стасаат, за да не се метастазира, бидејќи се уште не се знае од каде доаѓа примарното. Од тумур маркерите покажало дека е од јајниците, но не успеале да најдат ништо. Марија вели дека таму ништо не и кажувале, но од резултатите што овде ги пратив ми рекоа дека има голема надеж, ни рече Верица.

Марија е многу позитивна и весела девојка, која постојано вежбала, се хранела здраво и пешачела. Затоа и откривањето на канцерот бил уште поголем шок за неа.  Затоа и се чудела како е можно ова да се случи на толку внимавање.

-Го откри пред две недели. Вежбаше активно и прво грб ја заболе, па мислеше дека се повредила додека вежбала. Но, потоа болките се зголемија. Беше многу тажна, но откако дозна дека јас ќе одам се подрасположи. Јас и реков да не се нервира, дека се што сме планирале, се ќе направиме. Само надеж. Кога и станало лошо, кога одела по прегледи сокрила за да не ме нервира, да не ме плаши. Но, кога и рекле дека требало да се прави биопсија, ми кажа и беше многу исплашена, плачеше, вели Верица и додава:

-Кога и ја кажале дијагнозата ми се јави и  беше во шок, поглед во празно, како да не чувствува никаква болка, ништо.  Откако се созема вечерта пак ми се јави и ми рече: „Не можев уште да се оствестам што ми кажаа денес, не можев да го прифатам,  како да бев во сон, како да бев во бунило“. Одам со голема верба и надеж и мислам дека Марија ќе биде борец и ке ја надминеме болеста. Ќе биде похрабра, и се ќе биде во ред, бидејќи во порана фаза го откривме, раскажа мајката на Марија.

Верица по првиот шок не знаела како да постапи, но другарка на Марија и рекла: „Ќе побараме помош од хумани луѓе, Марија треба да живее, има само 33 години“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.