ММС

„Вардар“ вечерва го пречекува „Порто“ во ракометната ЛШ

Ракометарите на „Вардар“ вечерва го пречекуваат португалски „Порто“, за кој брани нашиот репрезентативец Митревски. Мечот од петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите почнува во 20.45 часот во СЦ„Јане Сандански“, а, поради антиковид-мерките, ќе се игра без публика.

Лоша вест од таборот на „Вардар“ пред почетокот на натпреварот  е што, поради повредата на претходниот меч со „Фленсбург“, нема да настапи Кристијан Дисингер. Во досегашните четири кола од групната фаза на Лигата на шампионите, „Вардар“ има една победа, еден пораз, а два натпревара се одложени.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.