ММС

На малиот Мухамед од Идлиб, роден без екстремитети, вратена му е насмевката на лицето

На малиот Мухамед од Сирија, роден без екстремитети, вратена му е насмевката на лицето, откако во Турција успешно му се вградени протези, пишува агенцијата Анадолија (АА).

Сириското семејство Мисајтиф пристигна во Турција на повик на министерот за внатрешни работи на земјата, Сулејман Сојлу. Мухамед помина седум недели во Анкара, каде што успешно му се вградени протези. По адаптацијата, под надзор на надлежните институции во Турција, Мухамед со протетски нозе и насмевка на лицето се врати во Идлиб.

Семејството Mисајтиф побегна од Идлиб и во моментот престојува во шаторската населба во близина на градот. Таткото Халид, за АА по враќањето во Идлиб изјави дека е завршена првата фаза од лекувањето на неговиот син во Турција.

„Во наредните денови повторно ќе отпатуваме во Турција, по што процесот ќе биде завршен. Благодарни сме на Република Турција, АФАД и на Агенција Анадолија за помошта која ни е пружена“, вели таткото на малиот Сириец, посебно заблагодарувајќи се на сопругата на турскиот претседател, Емине Ердоган, која го прими семејството во својот дом.

На Мухамед му е ставен првиот протетски сет за да се навикне на протезата, а подоцна ќе му биде ставена и друга проте, по што би требало да може да се движи непречено.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.