ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/18 12:22 PM

Фени нека биде пример за успешно водење на стечајна постапка во Македонија, порачуваат од СИЕР

Одлуката на Собранието на доверители со која го прифатија планот за реорганизација за кавадаречки Фени на вчерашното судско рочиште значи конечно излегување од стечај на комбинатот но и показател како мое да има и успешен стечај кај нас во земјава. Добар пример за за стечај со позитивни резултати,каде за цело време работниците одеа на работа а се настојуваше и целиот процес да заврши што побрзо, вели Маре Анчева генерален секретар на СИЕР во изјава за Канал 77.

– Во случајов поради тоа што продолжува деловниот потфат и сите работници остануваат на работа се разбира дека ние имаме причина да бидеме особено задоволни.Нас не интересира да продолжи деловниот потфат,сите работници да останат на работа,да добијат повторно договори на неопределено време и да се остави простор за преговарање за повисоки плати бидејќи со кризата во работењето на Фени,во последните две години платите значително беа намалени.Добро е што целата работа завршува на ваков начин и ова нека биде пример дека може стечајните постапки да се водат побрсо отколку колку што досега било пракса,смета Анчева.

И за експертите овој случај е посебен затоа што сите доверители се исплатени во целост, работници се задржани на работа, фабриката продолжи да функционира како целина и со одлуката за меѓународен оглас за закуп и рестартирање на производството пред да заврши стечајот, се постави нов пример како со стечајот може и треба да се управува. Значењето на кавадаречкиот гигант за никел и патот надвор од стечајот е секако и добар пример за надворешната деловна јавност  со кое се испраќа позитивен сигнал до меѓународната бизнис заедница дека Македонија е атрактивна дестинација за инвестирање. Самиот начин на кој е водена стечајната постапка покажа дека земјата има ефикасна администрација, независен судски систем и стабилно законодавство и регулаторен систем. Сето тоа е на врвот на главните барања и приоритетна листа на секој инвеститор за нови можности и поволна бизнис клима.

Со долг од 67 милиони евра и повеќе од 250 кредитори со неплатени побарувања Фени замина во стечај. Швајцарски ГСОЛ ги откупи долговите на компанијата и со тоа стана најголем доверител на а по вчерашната одлука на собранието на доверители и идниот сопственик.

Билјана Тошевски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1