ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/18 12:20 PM

Во полициска акција одземен е програмски систем, преку кој се обезбедуваат телевизиски услуги на интернет

Во полициска акција во содејство со агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги-Сектор за заштита на авторски права Скопје одземен е програмски систем, преку кој се обезбедуваат телевизиски услуги на интернет. Полицискиот билтен бележи и напад на тројца турски туристи во Тетово.

Полициската акција е изведена од Одделението за истраги за компјутерски криминал на МВР и Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги-Сектор за заштита на авторски права Скопје.

Таа е спроведена откако било утврдено дека преку програмски систем, преку кој се обезбедуваат телевизиски услуги на интернет, се врши повреда на авторско право и сродни права на правен субјект од Република Албанија.

Акцијата била спроведена вчера  од 10 до 13 часот, при што се извршени претрес на 6 локации. При претресот, реализиран со судска наредба, кај три физички и исто толку правни лица во Тетово Гостивар , Чегране и Слатино, пронајдени и со потврда се одземени: 5 рисивери, 3 компјутерски куќишта и 3 лаптоп-компјутери.

По целосното рачистување на сите поединости ќе следуваат соодветни поднесоци.

Полицискиот билтен бележи и напад на тројца турски државјани. Тие вчера околу 9 часот и 45 минути,  пријавиле дека при нивната посета на комплексот „Арабати баба теќе“ во Тетово, пред влезната врата, физички биле нападнати од 38-годишниот тетовец С.Џ.

Пријавениот недолично  и дрско се однесувал кон нив, ги навредувал и го удрил возачот на автобусот, кој во меѓувреме пристигнал, а му го скршил и мобилниот телефон.

Набрзо, С.Џ. приведен е во Полициската станица Тетово и ќе се соочи со поднесок.

Зоран Димовски

….


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1