ММС

Српскиот Кризен штаб не побара нови мерки, поригорозно ќе се спроведувале постоечките

Иако пред седницата на српскиот Кризен штаб беше најавено дека постои можност да се воведе задолжителен ПЦР тест за влез во Србија, сепак денеска не се донесени дополнителни рестриктивни мерки.

– Овој пат не донесовме нови мерки туку потенцираме мерките кои веќе се на сила да се спроведуваат поригорозно, да не гледаме веќе прекршување на мерки и да спречиме ситуацијата да се влошува, изјави имунологот д-р Срџа Јанковиќ по седницата на штабот.

Засега нема да се воведе ни задолжителен ПЦР тест, но опцијата како што соопштуваат останува отворена.

На новинарско прашање дали ќе има промени во училиштата и дали наставата можеби треба да се префрли онлајн, д-р Јанковиќ вели дека засега такво нешто не е потребно.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.