ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/18 11:16 AM

Седуммината напаѓачи врз пратеникот Села добија вкупно 81 година затвор

Судијката Славица Андреевска денеска ги изрече пресудите за седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април минатата година.

Кире Ѓорѓиевски 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци,Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци.

Опишувајќи кој и како го извлекол Села од Прес-центарот во Собранието и како го удирале по глава и тело, судијката рече дека обвинетите со умисла се обиделе да го лишат од живот пратеникот Села.

Во затворските казни ќе им биде пресметано и времето поминато во притвор.

Пратеникот Зијадин Села не беше присутен во судницата да ја слушне пресудата.

Извор: МИА

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1