ММС

Кичевската полиција приведе лице кое избегало од затворот во Прилеп

Кичевската полиција денеска во 11:20 часот, го привела Х. Ф. (41) од с. Горно Строгомиште –  соопшти ОВР Кичево.

Полициските службеници го привеле наведето лице кое се барало со потерница од КПУ Затвор Прилеп, за доиздржување казна затвор во траење од една година, еден месец и 20 дена за сторено кривично дело предвидено со член 215 од К.З. Лицето е спроведено во КПУ Затвор Прилеп.

Инаку, во последниот период МВР на ниво на цела држава спроведува акции за приведување лица кои се во бегство или кои се барат за издржување на казни затвор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.