ММС

Највисокиот тинејџер во светот?: Има 14 години и 221 сантиметар

Рен Кеју од Кина има 14 години и, поради својата висина, која веќе достигна 221 сантиметар, се издвојува од соите врсници од училиштето. Тој и понатаму расте, а во моентот е во фаза на пријавување за Гинисовата книга на рекорди, за највисок тинејџер во светот. Таа титула досега ја носел еден американски тинејџер со 16 години и 215,9 сантиметри.

Рен оди во деветто одделение во Сечуан и неодамна го прослави 14. роденден, пренесува РТС.

Рен вели дека родителите уште мал го однеле на лекарски преглед и било констатирано дека висината не му предизвикува никакви проблеми. На неговата височина влијаат и гените. Баба му и дедо му биле повисоки од два метра.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.