Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во Москва оствари одделни средби и за ситуацијата во Нагорно Карабах разговараше со шефовите на дипломатиите на Азербејџан и на Ерменија, Џејхун Бајрамов и Зохраб Мнацаканјан, пренесува Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Лавров вчера се состанал со ерменскиот колега Мнацаканјан, а денеска и со азербејџанскиот колега Бајрамов.
Во соопштението се наведува дека средбите следувале по неодамнешните телефонски разговори на рускиот претседател Владимир Путин со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и ерменскиот премиер Никола Пашинјан.
„На состаноците е разговарано за итните потези поврзани со имплементацијата на претходно договореното хуманитарно примирје и пронаоѓање на одржливо решение за прашањето во врска со Нагорно Карабах“, се наведува во соопштението.