ММС

Дали честото миење заби може да помогне во борбата со корона вирусот?

Како што се зголемува бројот на заразени од корона вирусот, така и се зачестува прашањето: што може да се направи за да се спречи ширењето на вирусот?

Често миење раце, одржување на социјална дистанца  и носење на маска  се мерките на кои редовно се придржуваме, но експертите сугерираат дека оралната хигиена може да игра важна улога во спречувањето на ширењето на вирусот.

Поконкретно, некои заболекари тврдат дека честото миење на заби може да помогне во борбата со вирусот. Се смета дека причина за тоа е составот на пастата за заби. Таа содржи слични состојки како и антибактериските средства кои ги користиме. Со тоа што почесто ќе ја користите пастата, поголеми се шансите да ги убиете микробите кои ги имате во устата, пред да ги пренесете некому или некаде.

„Антимикробното дејство на пастата трае од 3 до 5 часа и со тоа може да ја намали виралноста на плунката или инфекцијата од вирусот која може да стигне во твојата уста“, вели Мартин Еди, професор по дентална медицина на Универзитетот во Бристол.

Сепак оваа теорија не е во целост докажана, според мислењето на други експерти драстично е да се каже дека миењето заби може во целост да го спречи ширењето на корона вирусот, иако велат дека постои шанса да има барем и минимално влијание.

Оралното здравје во секој случај е многу важно, значајно е да го препознаете неговиот бенефит, во комбинација со почитувањето на останатите добро познати мерки за заштита од корона може да резултира со добро здравје и ефикасна заштита од вирусот.

Извор: Independent


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.