ММС

„Одете си дома, во својата земја“: Избодени две муслиманки под Ајфеловата кула

Две муслиманки биле избодени под Ајфеловата кула во Париз. Француската полиција уапси две осомничени лица, а агенциите пренесуваат  дека станува збор за расистички напад затоа што напаѓачите наводно извикувале „валкани арапи, одете си дома, во својата земја“. Двете осомничени лица, кои се во притвор под обвинение за обид за убиство, се опишани како „белци со европски изглед“.

Инцидентот се случува во време кога тензиите во Франција се вжештени поради бруталното убиство на наставникот, кој беше обезглавен од 18-годишен исламист затоа што на учениците им држел предавања за слобода на говор покажувајќи им карикатури од Мухамед.

Жртвите на нападот се идентификувани како Французинки со алжирско потекло, 49 годишната Кенза и две години помладата Амел, кои, наводно, пред инцидентот го величече Алах. Двете со убдни рани се задржани на лекување во болница.

Нападот се случил во неделата, два дена по бруталното убиство на професорот, но властите превентивно не објавиле информации за инцидентот..


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.