ММС

Фотографија на денот: Ирска одбројува часови до повторниот „катанец“

Од денеска на полноќ, како прва земја од ЕУ, Ирска го враќа „корона-кризниот модус“, за да го стави под контрола наглото ширење на инфекциите.

Со новите драстични рестриктивни мерки кои ќе траат шест недели, ќе бидат затворени сите продавници освен супермаркетите, додека баровите и рестораните ќе бидат ограничени на сервис за испорака на храна.

Оној кој може, треба до почетокот на декември да работи од дома. Забранети се средби со други семејства не само дома, туку и во дворот. Меѓутоа, училиштата и детските градинки остануваат отворени, „зашто не можеме и не сакаме да дозволиме иднината на нашите деца да стане жртва на Ковид-19“, истакна премиерот Мајкл Мартин. Дозволено е спортување и движење на отворено но во радиус до пет километри од домот.

Во земјата со околу пет милиони жители, регистрирани се 51.000 случаи на Ковид-19, во последните денови дневно се инфицираат по околу илјада луѓе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.