ММС

Тијана Дапчевиќ пресече: Се сели од Белград

Тијана Дапчевиќ донела важна животна одлука по долгогодишниот заеднички живот со сопругот Милан во главниот град на Србија.

„Тијана е желна за малку помирен живот, овој метеж во Белград почна да и’ пречи, па таа и Милан одлучија да се преселат во Сомбор каде купија голем имот“, открива за Star, извор близок на пејачката.

Инаку, сопругот на Тијана е од Сомбор, па двајцата се многу приврзани за тој град. Таму се живее многу помирно, а имаат во план и да развијат некој бизнис таму, но за тоа подоцна. Тие допрва треба да градат куќа.

„Тијана поради работните обврски ќе доаѓа во Белград и кога ќе биде потребно ќе останува по неколку дена, но одлуката да го продолжи животот во Сомбор е дефинитивна“, додал изворот.

„Милан со години наназад се занимава со земјоделство, па планира така и да продолжи, а во Сомбор ќе ги има сите услови за да ја прошири оваа работа. Тијана пак, веќе долго време сака да има куќа и двор и тоа сега ќе се оствари. Едвај чека се’ да биде готово и да се преселат, па сестра и’ Тамара да дојде со децата и сите заедно да уживаат. Таа, сопруот и синот замислуваат како ќе им изгледа домот, а нивниот син е пресреќен бидејќи ќе има сопствен кошаркарски и фудбалски терен, кој ќе го направат со татко му во дворот. Со оглед на тоа дека семејството сака животни, нема сомнеж дека ќе имаат и миленик во дворот“, заклучил изворот.

Дапчевиќ во врска со оваа тема, се’ уште се нема огласено.

 

Извор:  pulsonline.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.