ММС

Од Југославија во странство се иселиле 350.000 Хрвати, а од самостојна Хрватска – 400.000

Од поранешна Југославија во „гастарбајтерскиот“ бран се иселија 350.000 Хрвати, а во текот на ЕУ-иселеничкиот бран од Хрватска се иселиа 400.000 граѓани, пишува загрепски „Вечерњи лист“.

И додека во СФРЈ иселувањето на Хрватите почна првин „на црно“ на почетокот на 60-тите, а од 1968 година, по спогодбата на Југославија и Германија, тргна и организираното иселување и траеше до 1973 година, од влезот на Хрватска во ЕУ само во Германија до лани се иселија 300.000 хрватски граѓани. Досека некогаш гастарбајтерите заминуваа со надеж дека ќе заштедат доволно пари за во родниот крај да изградат куќа, да купат стан или трактор, денешните иселеници ги напуштаат своите домови и заминуваат со семејсствата за да создадат нов дом во Германија, Австрија, Ирска, Шведска… засега без желба да се вратат во Хрватска.

„Југославија покажуваше поголем интерес за враќање на иселениците отколку членката на ЕУ, Хрватска. Тогаш се отвораа таканаречени гастарбајтерски фабрики, се нудеа информации каде можат да се вработат повратници и слично“, вели историчарот и политолог, Тадо Јуриќ.

Секако, интересно би било да имаме вавкви споредбени показатели и за Македонија, иако резултатите може да се претпостават.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.