ММС

Угостителите на протест во Будва: Ако не ја промените одлуката ќе мора сами да ги отвориме објектите

Црногорскиот главен град се наоѓа во црвената зона со најголем број на новозаразени па националното координативно тело (НКТ) по препорака на Институтот за јавно здравје донесе одлука угостителските објекти во метрополата да се затворат на 14 дена.

„Новости РС“ пренесува дека денеска на протест во Будва угостителите биле конкретни, бараат или повлекување на одлуката или ќе бидат принудени сами да ги отворат угостителските објекти.

Угостителите велат дека не можат да прифатат да бидат виновници за новонастанатата ситуација бидејќи во нивните локали се почитувале мерките. Според нив ситуацијата е алармантна, но мора да се научиме да живееме со коронавирусот почитувајќи ги мерките.

– Не е во ред да не затвараат и да ја доведат браншата на раб на пропаст. Прво два месеци бевме затворени, потоа ја изгубивме сезоната, а сега кога е време да работиме бидејќи не очекува ужасна зима ние сме затворени. Овде се нашите фамилии и нашите работници, што ќе правиме оваа зима, навел претседателот на Здружението на угостители на Будва, Видо Маркичевич, а пренесува „Новости“.

Угостителите упатија порака и дека мотив за протестот не им е профитот, туку опстанокот. Здружението потенцираше и дека до вечер ќе донесе одлука што да прават доколку НКТ не ја повлече одлуката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.