ММС

Вооружени екстремисти од Уганда упаднaа во затвор во Конго и ослободија 900 осуденици

Вооружени напаѓачи упаднале во затворот во Бени и во координирана акција ослободиле околу 900 осудени лица. Градоначалникот на Бени ги обвини исламските екстремисти од Уганда дека го извршиле нападот.

„За жал, бројни напаѓачи ја провалија затворската порта со електронска заштита и во координиран напад врз затворот и позициите на војската што го чува, ослободија околу 900 осуденици“, изјавил градоначалникот за „Ројтерс“.

Тој за нападот ги обвини таканаречените Обединетите демократски сили, вооружена група од Уганда, која делува во Конго од 1990 година и чии припадници лани убија повеќе од илјада цивили.

Досега официјално никој не ја презеде одговорноста за последниот напад.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.