ММС

Претстојните Вонредни локални избори шанса да го покажат квалитетот на женските кандидати

Само четири жени седат во градоначалничките фотељи, додека големиот остаток од 80 општини се раководени од мажи. Всушност, тоа е директен еквивалент на бројот на кандидатири на Локалните ибори во 2017 година – од 206 кандидати за градоначалници, само 15 беа жени. Оваа бројка не ништо поразлична од претходните циклуси на локални избори. На изборите во 2013 година, победиле четири жени градоначалницчки, додека во 2009 нема ниту една жена градоначалничка. Во 2005 година на Локалните избори биле избрани три жени да ги водат општините.

– Бројката на жени кандидати за градоначалнички, не само што не е оправдана, туку е и крајно дискриминациска и демотивирачка. Всушност, го изразува стравот на мажите во нашето општество, дека жена може да води, е ставот на Ели Пешева, директор на комуникации во маркетинг агенцијата Њу Момент.

Учеството на жените во политиката мораше да биде регулирано со тнр.квоти. Во 2005 години те беа 30% жени од листите за пратеници, за подоцна таа бројка порасне на 40%. Направена е уште една законска измени во Изборниот законок, каде во член 153-а (1) По исклучок од членот 153 од овој законик, ако е жена пратеникот кој е избран од листата на кандидати, а на кого му престанал мандатот според еден од основите утврдени во членот 152 од овој законик, тогаш за остатокот од мандатот, пратеник на Собранието станува наредниот кандидат од листата жена (Изборен законик Сл.весник бр 32 од 2014 година).

Токму оваа одредба од законот на последните Парламентарни избори 2020, и’ овозможи влез во Парлемтентот на штипјанката Емилија Рамбабова, која беше следна жена на листата, иако пратеничкото место му следуваше Самка Ибраимовски.

Во пресрет на Вонредните локални избори за избор на градоначалник на Штип и Пласница, двете големи партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во партиските акети го испитуваат мислењето на граѓаните за две жени. Меѓу петмината кандидати социјадемократите ја имаат Билјана Казанџиска, поранешна паратеничка, актуелен раководител на сектор во Општината Штип, додека ВМРО-ДПМНЕ во анкетите од четири имиња, ја вброиле докторката Билјана Ефтимова. Овие вонредни избори се шанса и на партиите и на граѓаните да покажат родова сенизибилност и истрчаат со жени кандидати за градоначалник.

Во Штип таа можност ретко кога ја имале жените, а градот никогаш не го има водено жена. Сега е приликата, иако избраниот градоначалник ќе го има мандатот само неколку месеци, до редовните Локални избори во септември 2021 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.