ММС

ВИДЕО: На овој ден пред 10 години Бејл му ја „заврши“ кариерата на Мајкон

Лигата на Шампионите вечерва се враќа во полн сјај. Сезоната 2020/2021 стартува со дуелите помеѓу Динамо Киев и Јувентус и Зенит и Клуб Бриж. Но, „шлагот на тортата“ е резервиран за натпреварите од 21 часот.

Челзи на „Стемфорд Бриџ“ го пречекува апсолутниот победник на Европа Лига, Севиља, во директен дуел за првата позиција во групата Е, каде се наоѓаат и француски Рен и руски Краснодар. Во вториот дерби двобој во оваа фаза, ланскиот финалист ПСЖ го пречекува повратникот во натпреварувањето, екипата на Манчестер Јунајтед. Французите против Јунајтед ќе бараат одмазда за поразот во нокаут фазата во последните моменти од мечот, кога Рашфорд стрелаше прецизно од пенал и го испадна фаворизираниот колектив од Париз од 1/8 финалето.

Другите дуели од денешниот прв ден во ЛШ се: Барселона-Ференцварош, Лацио-Борусија Дортмунд, Лајпциг-Истанбул Башакшехир и Рен-Краснодар.

Во пресрет на првиот судиски свиреж во Киев одосно Санкт Петерсбург и во духот на најквалитетното клупско светско натпреварување, вредно е да се потсетиме на една од најмаестралните индивидуални партии во историјата на Лигата на Шампионите. Герет Бејл против веројатно најдобриот десен бек во светот до тој момент, бразилскиот интернационалец и играч на Интер, Мајкон.

Вечерта кога Герет Бејл му се претстави на светот и вечерта кога Мајкон му кажа збогум на фудбалот на највисоко можно ниво. Точно пред една декада, на овој ден, на „Џузепе Меаца“, во групната фаза 21 годишното лево крило го „малтретираше“ Мајкон и целата одбрана на Интер, иако на крајот Тотенхем загуби со 4:3 oд италијанскиот големец.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.