ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/4/18 3:49 PM

И денеска одложено судењето за смртта на малата Тамара

Судењето за смртта на малата Тамара од Велес, која почина чекајќи средства за операција во странство и денеска не успеа да започне.

Следното рочиште е закажано за 17 септември, а денешното не се одржа за да може обвинетите Маја Парнаџиева – Змејкова и Шабан Мемети, кои денеска го добија обвинителниот предлог, да ја подготват одбраната.

Материјалните докази за овој предмет опфаќаат десет илјади страници, па судијата Мартин Станевски ги замоли адвокатите самите да се снајдат и да си ги ископираат доказите, бидејќи во судот имало еден фотокопир па не можеле да постигнат.

Во судница денес присуствуваа обвинетите Аспазија Софијанова, како член на второстепената комисија, поранешните директори на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева -Змејковска и Џемаиали Мехазуии, како и членовите на првостепената комисија Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец Банева и Никола Граматиковски, како и членовите на второстепената комисија Шабан Мемети, Ристе Симеонов и Елена Трпковска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1