ММС

Преплакав додека се раѓаше Михаил- Проф. др. Аспазија Софијанова со насмевка ја живее улогата на баба

Да се биде баба е убавина која не се опишува, така велат сите што добиле внуци, а така мисли и проф. др. Аспазија Софијанова, шефица на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести во Скопје. Професијата ја натерала низ животот да види многу емоции, кои родителите или бабите и дедовците ги даваат на своите деца или внуци. Но, дали е таа иста кога после мајка на две ќерки, ќе станете баба на внуче. Таа веќе десет месеци е баба и, како што вели, ужива со своето внуче Михаил, кој и го сменил животот и со него ја исполнила и животната мисија- од најмилото да го земе во раце најмилото. Цули, како што сите ја знаат, за ммс призна дека Михаил ја направил и подобра и посреќна личност и дека не е точно дека зборот „баба“  значи старост.

-Прво што е баба и која асоцијација ние ја имаме. За мене „баба“ најпрво звучи нешто што е најмило. Доживување да се биде на онаа страна на приказната каде од своето најмило го имаш најмилото. Затоа според мене не може да се дефинира како улога. Тоа е вондимензионална емоција, која дури и врз нејнеемотивните луѓе има влијане. Неописива емоција кога прв пат ќе го доживеете плачот на бебето, кое во суштина е дел од тебе. Јас Михаил го сметам како дел од мене, тоа е син на мојата помала ќерка Анастазија и на нејзиниот сопруг Жарко.

За ова денешно време љубовта на Анастазија и Жарко, по перцепциите на сите, не само на мене, претставува синоним на вистинска љубов. Како онаа од старите времиња, која ретко се доживува. Плод на целата нивна љубов се овие сини очиња и насмевка, која секогаш кај мене буди нешто што не може да се објасни. Мислам дека сите работи за кои луѓето не ја препознаваат оваа Аспазија Софијанова може да ја препознаат кога ќе го видат Михаил во моите раце. Тоа е тотално нешто различно. Се сеќавам на породувањето, бидејќи нормално присуствував. И би ги советувала сите да не присуствуваат на толку голем емотивен момент. Подобро не, нека си седат дома. Јас на многу породувања сум присуствувала, но сега на породувањето на моето дете е нешто друго. Еве ќе признам- континуирано плачев додека се раѓаше Михаил. Преплакав. Дојде  зетот и кога ме виде ми вика- да не има некаков проблем штом толку плачеш. Секако дека тоа ќе ме праша, бидејќи јас не сум човек кој покажува толку многу емоции. Напротив, луѓето ме знаат како строга и во една друга димензија. А ова тотално ги руши сите мои размислувања, и размислувањата на луѓето за мене, дека можеби сте како карактер  цврста. Кога се роди Михаил  јас не го земав во раце, туку мојата колешка Бети Петковска и како сега паметам дека во тој момент не можев да бидам дури ни во улога на педијатар. Затоа што бебето што плаче е делот од вас и од една страна ви го продолжува животот и ви создава  чувство дека сепак сте ја завршиле онаа животна приказна која значи да го доживеете најмилото да го земете во раце, а тоа е внучето. Јас верувам дека ќе ја имам можноста од Михаил да доживеам да бидам и прабаба, бидејќи мојот ентузијазам и желба за живот е огромен. Меѓутоа ова како прво внуче во нашето семејство за мене претставуваше нешто кое 24 часа не можеше да ги сопре моите солзи. И пак ќе кажам дека помислата дека нешто не е во ред беше поради тоа што не можев да си ги сопрам моите емоции кои веројатно сум ги чувала закпони.

Како се почувствува кога прв пат го зема во прегратка?

-Веднаш по породувањето колегите ме прашаа за оценка на бебето. Велат: „Колку ќе му дадеме оценка на вашето внуче“? Тоа се оние моменти на првите неколку секунди и мунути кои се многу важни и невообичаено интересни. Михаил се роди со  интерересно шарени очи и беше многу мирен, тивок. Велам- неќе да е на мене. Хахаха… Бидејќи јас сум многу бучна. Сега како поминува времето неговите кристално сини очиња ме потсетуваат дека се е минливо во животот и дека неговото појавување во мојот живот ја направи вистинската промена во мене.

Колку Михаил ти го смени животот?

-Многу. Прво веројатно оној момент-бидете добри и правете добри дела. Јас тоа сум го правела секогаш, меѓутоаа  можеби некогаш сум имала моменти во кои несвесно сум била поексплозивна, иако тоа е и дел од мојот темперамент. Но, сега некако тоа создаде кај мене една друга димензија. Да се стопира она експлозивноста, темпераментноста, бидејќи неговото постоење и насмевка ги тампонира сите негативности кои може да ви се појават во животот. Навистина Михаил прави тампонада на се што е негативно околу мене. Ја шири целата позитивна енергија на светот и ја промовира онаа генетска предиспозиција што сите ние ја носиме или ја потиснуваме, а тоа е да бидеме добри луѓе. Тоа не  значи дека не сум била добар човек, но пак ќе нагласам, веројатно сега сваќам дека можеби некогаш сум била незгодна.

Велат внуче се сака повеќе од сопственото дете, вистина ли е таква безгранична љубов?

-Јас вака би рекла-веројатно она што дирекно излегува од вас, а тоа се сопствените деца е незаменливо чувство, но, веројатно периодот во кој ги имате децата е многу поразличен од перидот на зрелост  во кој го имате внучето. Јас не би рекла дека емоцијата е поголема во однос на внучето. Верувам дека нема никој да ми замери во ова што го кажувам, бидејќи тоа е сосема различен тип на емоција. Она што се дели од вас и она што се дели од нив, од родените деца има една друга димензија на зрелост, на знаење и факт е дека сум многу, многу среќна. Кажував гласно колку сум среќна што после две ќерки имам внук. Во однос на квалитетот на емоции би ги ставила дека се на тоа ниво. Си ги сакам двете ќерки повеќе од себе ама внучето е тука некаде. Еве чекам и второ внуче од Анастазија, треба да се роди на мојот роденден во март, па ке видиме како ќе ги делиме емоциите. Но, јас сепак би рекла дека сопствените деца во тоа време кога ги имате и внучето во ова време во кое го имате е нешто што ве прави во онаа репродукција  и оставање позади себе нешто, сепак, подеднакво.

Жената е убава в секое доба од животот. Млад се чувствуваш ако ти е таков духот, без оглед на годините. Зошто тогаш жените кога ќе станат баби почнуваат да се плашат од староста?

-За мене тоа не важи. Јас тоа го кажувам со гордост. Мене зетот ме вика „бакице“ и за мене тоа е уште посимпатично.  Јас во улогата на баба сум си многу среќна. И како „нанкица“ и како „бакица“,  така ме викаат. Инаку, ако збруваме за духот, кој нема да исчезне, верувам дека е така и сега дури се чувствувам и помладолика и со повеќе енергија отколку кога  сум била мајка, кога ги родив ќерките.

Ја имам енергијата и за Михаил и за останатите внуци кога ќе дојдат. Еве да се пофалам на пат имам уште едно внуче од Анастазија и се надевам дека ќерка ми Марија од Лондон ќе реши и таа да ме израдува. Знаете како, животот вели: „Ај, сега ќе го направам ова, утре она , има време“! Не, времето е тогаш кога работите ќе се случат. Јас навистина во духот вечно ќе останам млада. Тоа е карактер, тоа не може да се смени. Скарана сум со депресијата, а Михаил ми го продолжува животот токму во делот кој е врзан со одржување на духот и засилување на онаа убава компонента да си уште помлад кога си најстар.

Колку себе си се стави во втор план, твоите потреби во однос на потребите на Михаил?

 

-Се во животот е добра организација на времето и умеење во тоа. Тие  што ме познаваат знаат дека јас многу убаво знам да ги искомпонирам тие работи. Тоа ми е силната страна. Нели, секој има слаба и силна страна а  мене силната страна ми е организацијата. Значи секогаш ќе биде Михаил пред  сите, па и пред мене.  Но, не, не се запоставувам и себе си.  Го наоѓам времето за себе и тоа го наоѓам така за да можам да му служам и на него и на целато мое семејство уште подобро . Велат подобро ефективни пет минути посветени на себе, а следните 55 од часот ќе значат  среќен и задоволен баба или дедо.  Секако ако знаеш да бидеш среќен внатре во себе. Зашто среќата што ја чувствуваш  во себе ја шириш. Ние сите можеме да бидеме доволно убави ама сме најубави кога имаме среќна аура околу нас.

Весна Миленковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.