ММС

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе „вози“ во седум градови против „криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во седум градови со автомобили ќе протестира против „криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот“.

Додека претходно протестите се одржуваа во Скопје,  а по еден имаше и во Прилеп и Охрид, денеска ќе се протестира и во Штип, Битола, Куманово и Велес.

– Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот.Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност.СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за ситe, се вели во повикот за протест на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ досега одржа низа тематски протести против поскапувањето на струјата,   „против реваншизмот и теророт врз граѓаните и политичките неистомисленици“, а и против злоупотребата на европски пари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.