ММС

„Планирам да доживеам барем 120“: Јапонката Кане, со 117 години, најстар жител на планетата

Кога неодамна во Кептаун во Јужноафриканската Република почина Феди Блум, беше објавено дека починал најстариот човек во светот, роден во 1904 година, но неговото име никогаш не се најде во Гинисовата книга на рекорди зашто тој беше само најстар маж, но не и најстар човек на планетата зашто во моментот рекордер е Јапонката Кане Танака, родена во 1903 година, која сега е во 118. година од животот. Живее во старски дом во Фукока, на југозападот на Јапонија.

Планира да доживее барем 120 години. Неодамна ја посетиле јапонски новинари, кои ја прашале кој период во животот и’ бил најсреќен, а таа им одговорила: „Овој сега!“.

Нејзиниот 60-годишен внук Еији додал дека, и покрај пандемијата во светот, бабата добро се држала и уживала секој ден често и во „друштво“ со чоколада и „кока кола“, пренесува „Слободна Далмација“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.