ММС

Објавено на: 10/19/20 5:05 PM

Чешка министерка го нарече премиерот Бабиш дебил, мислејќи дека микрофоните се исклучени

Чешката министерка за труд и социјална политика Јана Малачова го нарече премиерот Андреј Бабиш дебил за време на телевизиско интервју, пренесува порталот „Praguemorning“.

– Сето тоа е неред кој Бабиш го направи и сега сите ние мораме да го чистиме.Тој е дебил, се извинувам, вели Малачова на крајот на интервјуто мислејќи дека камерите и микрофоните се исклучени.

Ваквиот коментар веќе направи хаос на социјалните мрежи, особено меѓу припадниците на чешката опозиција.

Сепак ова не е прв пат да летаат искри меѓу Малачова и премиерот. Бабиш во мај во изјава за весникот „Право“ ја искритикува министерката и рече дека многу го разочарала бидејќи се однесувала противзаконски за време на кризата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1