ММС

Објавено на: 10/19/20 2:23 PM

Човек на Моралес победи на претседателските избори во Боливија

 

Луис Арсе, кандидатот од социјалистичката партија на Ево Моралес, е победник на претседателските избори во Боливија.

Моралес, кој лани беше принуден да поднесе оставка и да избега во Мексико поради немирите во земјата, сепак слави зашто неговата партија повторно ја доби власта во таа јужноамериканска земја.

„Сестри и браќа, волјата на народот се докажа. Донесе убедлива победа на МАС-ИПСП. Нашето политичко движење ќе има мнозинство и во двата дома. Се вративме во милиони, сега ќе му ја вратиме гордоста и слободата на народот“, напишал Моралес на Твитер.

Нов претседател на Боливија ќе биде Луис Арсе, а неговиот сопартиец Давид Чокеуанка ќе биде и негов заменик.

„Уште ги немаме официјалните резултати, но според информациите, Арсе и Чокеуанка победија на изборите“, објави Џанине Ањес, в.д. претседател на Боливија.

Многуми Боливијци ги обвинуваат САД за мешање во внатрешните работи на земјата во обид да ја тргне од власт Социјалстичката партија на Моралес. .

„Многу сум благодарен за поддршката и довербата од боливискиот народ. Ќе ја напреднеме демократијата и ќе ги вратиме социјалната стабилност и мир. Обединети, со достоинство и сувереност“, напиша на Твитер новиот боливиски претседател.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1