ММС

Белградската „Штарк арена“ повторно станува ковид болница

Белградската „Штарк арена“ поради растот на бројот на новозаболени е повторно активирана како привремена ковид болница и е спремна за прием на пациенти.

Српската војска ги проширила капацитетите за 150 кревети, со што на располагање во болницата сега има 510 легла.

Покрај зголемениот број на легла, новост е и што секој пациент на располагање ќе има кислород, а поставена е и најсовремена дијагностика. Пациентите ќе имаат можност и да гледаат телевизија, а ќе има и кујна и современи тоалети.

– Овде ќе доаѓаат пациенти со средна и средно-тешка клиничка слика и ќе ја имаат најдобрата грижа бидејќи ќе има собрано медицинска екипа од 15 здравствени установи во Белград, вели главниот медицински координатор на болницата, потполковникот Предраг Богдановиќ.

Лекарите ќе работат во три смени по осум часа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.