ММС

Лансиран е тест кој го утврдува влијанието на вакцината и лековите врз корона вирусот

Тестот е достапен исклучително за употреба во работата на научни истражувања и клинички испитувања.

LabCorp објави дека ги претставува новите тестови кои можат да го измерат нивото на антитела кон вирусот корона и да ја утврдат ефикасноста на вакцините против ковид-19, како и лековите за третман на оваа болест, објави Ројтерс.

Тестот е достапен исклучиво за употреба во научни истражувања и клинички испитувања.

Нивото на антитела е важен показател за силата на одзивот на имунитетниот систем на една личност, што може да помогне во утврдувањето на ефикасноста на вакцините и лековите што се користат во клиничките испитувања, соопшти компанијата, како што објави Танјуг.

LabCorp наведува дека од март спровела над 17 милиони молекуларни тестови и сега е во состојба да обработи 210 000 тестови на ден. Покрај тоа, компанијата досега спроведе три милиони тестови за Ковид 19, и во моментов има капацитет да обработува 300.000 тестови на ден.

Развојот на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирус се смета за клучен за ставање на пандемијата под контрола. Неколку фармацевтски компании во моментов ја спроведуваат последната фаза на клинички испитувања на нивните вакцини Ковид-19, како што се Џонсон и Џонсон, Модена и Пфајзер.

Преземено од:https://www.telegraf.rs/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.