ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/4/18 12:52 PM

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот го прекршува Уставот неколку пати (Видео)

Опозицијата обвинува дека со Договорот за името се прекршува Уставот неколку пати.

 

Од ВМРО ДПМНЕ и денеска го повторија ставот дека овој Договор е како што велат, најсрамниот во историјата на дипломатијата.

„Никаде во договорот не стои дека се потпишува во името на државата Република Македонија, ниту пак во името на граѓаните на Република Македонија или пак дека некој се овластува во името на Владата на Република Македонија да се потпише ваков договор или спогодба односно самиот збор Република Македонија го нема никаде во овој договор. Со ова се погазува Уставот на Република Македонија, бидејќи тој е највисок акт на една држава и сите превземени активности и обврски мора да произлегуваат за секој поединец, поготово за некој што добил мандат и дал заклетва пред Собранието на Република Македонија дека ќе ги штити Уставот, законите и националните интереси“, истакна на денешната прес конференција потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.

„Со ова грубо е прекршен Уставот при самото потпишување на срамниот договор, за сега уште еднаш СДСМ да се обидат да го прекршат Уставот со објавување на законот во Службен весник без потпис од страна на Претседателот Иванов.И покрај сите отстапки од страна на СДСМ, Заев, Димитров и останатите направени без црвени линии за нив Република Македонија не доби датум за преговори со Европската Унија како што ветуваше Зоран Заев. Никој не ни гарантира дека ќе чекориме по патот на евроинтеграциите само со потпишување на овој срамен договор. Оваа Влада не е способна да ги заврши нити реформите, кои се покажаа како клучни. Сепак корупцијата и криминалот царуваат во Република Македонија“, изјави Мисајловски потсетувајќи дека в недела партијата организира протестен марш во Струмица.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1