ММС

(Видео) Со баци рака на дедо Амди младоженците побараа благослов- Перјан и Муктедир со „Одиме анѓеле“ ја почнаа свадбата

Избришани се видеата кои се појавија вчера на Фејсбук од свадбата на Перјан, внуката на поранешниот пратеник Амди Бајрам. Денес на својот Инстаграм профил невестата Перјан на стори објави нови куси видеа од свадбата, од пристигнувањето на бродот, првиот танц, невестинскиот фустан  и секако шминкањето.

 

Свадбата беше на брод на Босфор, во Истанбул, а на мостот  се менуваше светлечка реклама со „среќен брак“ на младоженците Перјан и Муктедир.

 

Семејството Бајрам е познато по холивудските свадби.

Првиот танц на младоженците почна со песната „Идемо анѓеле“ од Саша Матиќ, додека тортата се сечеше на „The final coundtdown“ од групата „Europe“.  Секако, не изостана и традицијата на баци рака. Па така младоженците со баци рака од дедо Амди побараа благослов.

Денес сватовите се вракаат за Скопје, а излезе и видео од гужвите на турската граница.

Gostite se vrakjaat od svadba 😂😂😂 na na megju zona nema corona 🤩

Gepostet von Gabriel Bajram am Sonntag, 18. Oktober 2020


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.