ММС

(Видео/галерија) Бигорски е наша гордост и љубов, наш духовен горостас

Достоинствено, како што  доликува на голема прослава за 1000 години од постоењето на Бигорскиот манастир. Ваква беше денес прославата на еден милениум од основањето на победникот над времето и вековите. Прославата започна утрото, по пристигнување на претстедателот Стево Пендаровски, кој беше покровител на настанот, а Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, од Епископот Антаниски г. Партениј и традицинална мијачка гарда, беше отслужена Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

Целиот настан се одвиваше во строги протоколи за заштита од Ковид-19. Уште на влез на манастирската порта се мереше температура и се дезинфицираа, сите кои добија покана да учествуваат на овој величествен настан.

Годинава се одбележува уште еден јубилеј, 25 години од замонашувањето на отец Партениј и започнувањето на неговата света мисија.

Фото: Вангел Тануровски

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.