ММС

Белградска арена подготвена за пациентите

Поради зголемениот број на пациенти во Србија, од утре Белградската арена ќе биде подготвена да прими пациенти со ковид-19.

Докторот Владо Батножиќ за РТС изјави дека капацитетите на Арената се проширени со нови 150 кревети, така што вкупниот број на легла е 510. Во една смена ќе има 30 лекари и 30 медицински сестри.

Арената се чисти и дезинфицира – има кревети, како и целата неопходна дијагностика. Лекарите од 15 здравствени установи ќе работат во три смени.

– Работевме и со лабораторија, се прават медицински анализи, рендген, а сликата може да се испрати во зелената зона и има друга терапија за пациентите – вели др. Батножиќ.

Од понеделник ќе биде исполнет првиот дел каде се новите кревети, па се спуштаат во салата каде има 360 места.

нетпресс.мк

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.