ММС

Со „Пукни зоро“ почна веселбата на градоначалникот Богдановиќ на Косово

Градоначалникот на Центар Саша Богановиќ денеска во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница се венчаше со Јелена Брауновиќ.

Богдановиќ прво беше облечен во костум, а учителката од ОУ „Киро Глигоров“ во бел невестински фустан со етно елементи – кус и долг елек кои се дел од црногорската женска народна носија. На крајот од свадбената церемонија и младоженецот облече традиционална српска народна носија, пренесува „Слободен печат“.

Пред неколку дена градоначалникот Богдановиќ најави дека со оглед на тоа што свадбените веселби во Македонија се забранети поради епидемијата од коронавирус, кога ќе има услови со Јелена ќе направат и свадба во Скопје за своите роднини и пријатели.

ММС дознава дека по венчавањето младоженците и гостите заминале  во елитен ресторан во Грачаница, кој бил заклучен, само за сватовите. Веселбата младоженците ја почнале со песната „Пукни зоро“, а понатаму се ределе српски и македонски песни. Како што за ммс пред некој ден изјави Богдановиќ, така и било. На веселбата присуствувале 30тина гости, само најблиските, а свадба ќе има догодина.

Ден пред свадбата младоженецот и другарите заминале за Косово, каде се славела последната вечер на ергенството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.