ММС

Герила акција или случајност: „Магаре пред Влада, го бара грантот од 83.000€“

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа магаре, врзано спроти зградата на македонската влада.

Според видеото магарето е врзано на еден од сообраќајните знаци, на улицата „Илинденска“ во Скопје , а во описот на објавата стои: „магаре дошло пред Влада, го бара грантот од 83.000€“.

Засега не е јасно дали се работи за случајност или герила акција против финансирањето на националната агенција за европски образовни програми и мобилност на проекти за тренинг на магариња.

По последните скандали што ја тресат аганецијата, вицепремиерто за борба против корупција, Љупчо Николовски, најави разрешување на директорката Лидија Димова.

канал5

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.