ММС

Османи го повлече предлог законот за надворешни работи предложен од Димитров

Бујар Османи одлучи да го повлече од процедура Законот за надворешни работи што го предложи неговиот претходник Никола Димитров.

Министерот за надворешни изјави дека во претходниот мандат законот само условно ја поминал владината процедура, односно имало потреба од позитивно мислење од неколку институции, вклучувајќи ги тогаш и Секретаријатот за европски прашања, одбрана, министерството за финансии.

– Јас сметав дека како ново раководство во министерството треба да го вратиме законот назад, да видиме кои се овие разлики што ги имаат министерствата по однос на текстот“, вели Османи и додава дека веќе остварил состаноци со претставници на дипломатските синдикати, кои преходната верзија ја оценија како целосно фијаско.

Синдикатот оспори 50 од вкупно 120 одредби во предлогот на Димитров, но додаваат дека првичните разговори со Османи влеваат оптимизам и се надеваат дека нема да бидат игнорирани во изработката на новиот текст.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.