ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/18/20 1:15 PM

Рекорд: 20 позитивни во Тиквешијата, меѓу нив и 3 годишно дете

Тригодишно дете од Неготино кое посетувало градинка е меѓу позитивните во денешната статистика на Центарот за јавно здравје Кавадарци. Во изолација се 13 деца, воспитувачка и негувателка.

Од почетокот на пандемијата, денеска во Тиквешијата се бележи рекорден број на нови позитивни, вкупно 20. Во Кавадарци има 15 нови случаи, 3 во Неготино и 2 во Демир Капија.

Меѓу позитивните во Кавадарци има медицинска сестра.

„Сите се со симптоми на вирусот.  Само петмина биле во контакт со позитивни, а останатите не знаат како се заразиле“ информира епидемилог д-р Ристе Јовановски.

Непочитувањето на мерките, организирањето на семејни прослави, свадби, крштевки родендени, ги даваат неповолните резултати – велат лекарите.

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1