ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/4/18 11:25 AM

Обвинителството утврдува евентуална кривична одговорност за смртта на 13 годишно девојче во Илинден

Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за трагичниот настан во општина Илинден, во кој вчера животот го загуби тринаесетгодишно девојче кое се удавило  во дупка со вода ископана за изградба на зграда и на утврдување на евентуална кривична одговорност.

– Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и насоки за прибирање дополнителни податоци. Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните работи и за текот на градбата. Во исто време, се прибираат податоци од инспекциските служби и од други надлежни органи за да се утврди евентуална кривична одговорност – соопшти Јавното обвинителство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1