ММС

Објавено на: 10/18/20 10:33 AM

За славеничката трпеза на Бигорскиот манастир подготвени, ѓозлеме, ајвар, риба, тиква со мед…

Менито за славеничката трпеза по повод 1000 години Бигорски манастир е подготвено  во духот на светилиштето и празничната свеченост, објави МИА.

Го подготвија петмина мајстори на кулинарството од здружението MCC (Macedonian culinari chef), Зоран Андонов, Бобан Симоноски, Никола Мишковски, Деан Карапеев и Зоран Мајновски.


фото-З.Г.М

Славничкото мени кое ќе биде понудено на гостите ќе оди според манастирскиот ред:

Ќе се започне со златна капка, па за аперитив ќе биде послужена познатата Бигорска мастика и ликерите кои се прават во манастирската економија. Салатата ќе биде микс од сезонски артикли и зеленчуци. Неизбежни ќе бидат месените продукти: пита сарајлија, питулици и ѓомлезе. Меѓу ладните предјадења ќе се послужат: домашен ајвар, пинџур, сирење, кашкавал, пиперки полнети со кајмак и бајалдии (полнет црн патлиџан). За лажица или топло предјадење ќе има чорба (потаж) од тиква со која ќе се служи и кисело млеко, за да се зачини по вкус. На трпезата секако ќе се најде и манастирски леб, кој се подготвува според стар рецепт.

Главното јадење ќе биде на основа од риба, па покрај печено парче риба, ќе има кромидарник со димен крап во глинено грне и сето тоа придружено со гарнир од зеленчук. Десертот ќе биде посен, во духот на традицијата, па за да се заблажи закуската ќе се послужи варена тиква со мед и ореви.

 

мени

  1. аперитив

2 салата микс од свежи зеленчук

  1. месени јадења: пита сарајлија, питулици, ѓомлезе
  2. мезе: ајвар, пинџур, сирење, кашкавал, пиперки со кајмак бајалди (полнет модар патлиџан)
  3. чорба (потаж) од тиква со кисело млеко од страна и манастарски леб

6 Главно јадење: парче риба, кромидарник со димен крап во грне и гарнир од зленчук

  1. десерт: тиква со мед и ореви

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1